Истанбул… бакнеж со кој се поврзуваат два континенти. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Денес Истанбул претставува пример за беспрекорна грижа за историско културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул сеуште води во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на 12 милиони луге.

ТЕРМИНИ :   27-30 Април 2018   и 24-27 Мај 2018

РЕДОВНА ЦЕНА во 1/2 соба (  за резервации после 15 Март )  275 ЕУР

1 ДЕН:  (петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:30 часот. Полетување за Истанбул во 11:15 часот. Слетување во 13:45 часот. Трансфер до хотелот со вклучен панорамски разглед на градот: Римскиот аквадукт, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата џамија, Универзитетот…Сместување во хотел. Слободно попладне или можност за посета на познатиот шопинг центар „ History” или Капали Чаршија (отворена во 1461год. најстариот трговски маркет во Истанбул со над 4000 продавници). Вечерта, можност за посета на живописниот кварт Кум Капи со мноштво рибни ресторани каде ќе уживате во традиционалниот турски мелос. Ноќевање.

2 ДЕН   (Сабота) ИСТАНБУЛ – ТОП КАПИ ПАЛАТАТА

Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со карактерситики од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (најпозната градба во Истанбул која е изградена во време на владеењето на Јустинијан и била најголема црква во Византиското царство, подоцна претворена во џамија…) палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. Можност за попатна посета на Сулејманијата и базиликата „Цистерна“ позната како „Потоната палата“ најголема од неколкуте антички резервоари за вода која се’ уште стои под Истанбул. Ноќевање.

3 ДЕН  (недела)  ИСТАНБУЛ – БОСФОР – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија. Посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој што бил изграден во Османлиската империја, кој до 1922 год. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 год. во него живеел Кемал Ататурк. Денеска е претворен во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

04 ДЕН  (понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот организиран трансфер до аеродром. Полетување на авионот за Скопје во 10:00. Слетување во Скопје во 10:35 часот.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

– Трансфери аеродром – хотел – аеродром

– Сместување во хотел 4*  на Аксарај на базa 3 ноќевања со појадок

– Рачен багаж 8 кг

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– панорамско  разгледување на Истанбул  со автобус според програмата 20 евра по лице  (резервација при уплата на аранжманот)  и 15 евра по лице за пешачкиот разглед на стар Истанбул

– Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра

– Факултативни посети: Посета на палатата Долма Бахче (вклучена влезница) и крстарење по  Босфор 45 евра

– Вечера во национален ресторан 30 еур

– Доплата за чекиран багаж 35 еур во двата правци

– Аеродромски такси 60 ЕУР по лице

 

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување.

Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска     противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

За реализација на аранжманот е потребен минимум пријавени 15 патници

За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 пријавени патници