ТЕРМИН:  08-14.06.2018

Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  699 евра   (43.338 денари)

1 ДЕН :   СКОПЈЕ-МОСКВА     08/06/2018

Состанок на групата. Лет од Скопје во 04,30 часот. Лет од Виена за Москва. 10,00 часот. Пристигнување во Москва 13.45 часот. Трансфер до хотелот  со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Организиран панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиот Холивуд), со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ДЕН:  МОСКВА – КРЕМЉ              09/06/2018

Појадок. Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” и обиколка на царската ризница богата со круни, злато, дијаманти… Слободно време за индивидуални прошетки, можност за посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.

3 ДЕН:   МОСКВА   10/06/2018

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Вечерната прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson. Ноќевање

4 ДЕН: МОСКВА- СТ. ПЕТЕРСБУРГ  11/06/2018

Појадок. Трансфер до железничката станица и организиран превоз до Санкт Петербург со модерен брз воз (4 часа). Пристигнување во Ст.Петерсбург. Трансфер од железничката станица до хотелот во Ст. Петерсбург.

Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни… Ке ја видиме Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Сместување во хотел.Ноќевање.

5 ДЕН: САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ (Факултативно Ермитаж)          

Појадок. Факултативно, Препорачуваме посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата (превоз со метро). Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо… Препорачуваме посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.

6 ДЕН:САНКТ ПЕТЕРБУРГ –  ПЕТЕРГОФ- ЦАРСКО СЕЛО  (ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА)

Појадок. Факултативна целодневна екскурзија до фантастичниот Петергоф (три часа), со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Факултативно посета на  летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин  (три часа). Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Ноќевање.

7 ДЕН   МОСКВА- СКОПЈЕ   14/06/2018

Организиран трансфер до Аеродромот во Москва. Полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје .

Цената на аранжманот вклучува:

– Авионски превоз на релацијата Скопје – Москва- Санкт Петербург/ -Скопје

– Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот

– Превоз со брз воз од Москва до Санкт Петербург со организиран превоз до железничките станици

– Трансфер во Санкт Петербург од хотелот до аеродромот

– Сместување во Хотел во Москва со 4**** на база 3 ноќевања со појадок

– Сместување во Хотел во Санкт Петербург со 4 звезди на база 3 ноќевања со појадок

– Организирани разгледи на Москва и Санкт Петербург

– Туристичка виза на Руската Федерација ( Воучер за туристичка посета на Русија)

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

– Аеродромски такси 158,00 еур кои се променливи

– Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич)

* Кремљ 55 евра,

* Сергиев Посад 45 евра,

* Ермитаж 35 евра,

* Петродворец Петергоф 45 евра,

* Царско Село Пушкин 45 евра,

* Крстарење со брод по реката Нева

– Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување 350 денари

НАПОМЕНИ:

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

-За овој аранжман важат општите услови за патување .

Цените се дадени во евра, уплатата се врши во денарска противредност 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето