ШВАЈЦАРИЈА

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РАНА УПЛАТА: 399 ЕУР (за уплата до 15 август)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 569 ЕУР по лице

Термини: 08- 12.03 // 21-24.04.2017

Во цената на аранжманот е вклучено:

– aвио билет Скопје-Базел-Скопје со wizzair
– сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок
– трансфери според програмата
– организација и реализација на аранжманот
– придружник на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

–  аеродромски такси 4.300,00 денари
– трошок за резервација 1.000,00 денари
– задолжително патничко осигурување -неспоменати посети и услуги (влезници) во културно историски споменици и јавен превоз
– ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И РАЗГЛЕДИ
– ЖЕНЕВА …………. 60 CHF – за уплата во Скопје, за уплата на лице место 75 CHF.
– Само ЛУЦЕРН …. 40 CHF – за уплата во Скопје, за уплата на лице место 50 CHF.
– БЕРН и ЛУЦЕРН ….65 CHF – за уплата во Скопје, за уплата на лице место 80 CHF.
– Туристичка такса ја плака секој на рецепција на заминување која изнесува 2,50 CHF по лице на ден.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– за реализација на аранжманот потребен е минимум со 15 патници
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум на пријавени 15 патници
– специјалната цена со попуст важи само за целосна уплата до определениот датум после тој датум цената на аранжманот е по редовната цена.
– за овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Орфеј

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - БАЗЕЛ - ЦИРИХ

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 12.00ч. Лет за Базел во 13.35 ч. Пристигнување во Базел во 16.00. Попатна прошетка низ Базел. Патот продолжува кон најголемиот швајцарски град со 1,3 милиони жители, кој се наоѓа на брегот на реката Лимат, Шил и Цирих езерото, и е еден од градовите со највисоки стандарди и најдобар во светот. Сместување во хотел во Цирих. Нокевање.

2

02 ден ЦИРИХ

Појадок . Панорамско разгледување на градот Цирих.Возење низ убави населби по рабовите на езерото во Цирих … Прошетка по улица „Banhofštrase“, која е една од најелегантните улици во Европа. Посета на плоштадот Линденхоф… Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Ноќевање.

3

03 ден ФАКУЛТАТИВНО ЖЕНЕВА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Женева, дипломатски главен град на светот. Европското седиште на Обединетите нации и бројни меѓународни организации. По пристигнувањето, разглед на Женева: комплексот Палатата на народите, зградата на Меѓународниот Црвен крст и седиштата на различни меѓународни организации. Прошетка низ централниот дел на градот и посета на англиската градина, најпознатиот градски парк, со огромен цвет во форма на часовник. Прошетка покрај прекрасното Женевско Езеро, чудесната фонтана со водоскок до височина од 140 метри. Слободно попладне. Ноќевање.

4

04 ден ФАКУЛТАТИВНО ИЗЛЕТ ДО БЕР И ЛУЦЕРН – ЗАМИНУВАЊЕ ЗА СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна, посета на Берн и Луцерн. Луцерн, кој се наоѓа во подножјето на планината Пилатус, според традицијата, последното живеалиште на Понтиј Пилат и Титли. По пристигнувањето, прошетка околу езерото четири кантони, разглед на стариот град, познатиот мост „Kapelbrike“, најстариот дрвен мост во Европа од 13-ти век, под заштита на УНЕСКО. Патувањето продолжува кон Берн е главен град на оваа прекрасна земја и е исто така седиште на најважните државни институции. По пристигнувањето разглед на градот: Паркот на ружите, „Berengraben“, седиштето на мечка, која е заштитен знак на градот, разглед на монументалната зграда на парламентот, Катедралата, домот на Алберт Ајнштајн, симболот на градот – кулата со познатиот саат со механизам од шеснаесеттиот век … Трансфер до аеродромот во Базел. Лет од Базел за Скопје во 21.55ч. Пристигнување во Скопје во 00.10 (наутро).

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг