3 дена / 2 ноќевања со појадок и превоз

Цена по лице за уплата до 30.11.2017 : 69 евра
Цена по лице за уплата од 01.12.2017 : 79 евра

Откриена уште пред 7000 години п.н.е.од тракиските племиња и окупирана од Отоманската империја, Софија е еден од најстарите градови во Европа и обележја од изминати историски периоди може да се видат насекад,од приземјата на хотелите до бучните подруми на метро станиците.
Софија има 16 универзитети и студентски град.Најпрестижен е универзитетот Св.Климент Охридски, основан во 1988 година.
Оваа метропола има голем број на цркви, меѓу кои позначајни се црквата Св.Ѓорѓи, Cв.Софија, катедралата на Александар Невски и Спа Баши Џамијата.
Шопингот во Софија е мешавина од старо и ново.Овде познатите модни имиња се испреплетуваат со антиквитетите што се продаваат на улиците и се одлика на традицијата и обичаите во оваа земја.
Ноќниот живот е меѓу најдобрите во Европа каде ќе сретнете модерни и традиционални ресторани, ноќни клубови и барови.
Како бугарска убавица, Софија ќе биде Ваш домаќин на незаборавни моменти оваа зима.Поради нејзината убавина, мотото на градот е: ” Софија старее и се разубавува”.

Катедралата Александар Невски
Прв ден – 30.12.

Поаѓање за Софија во 06:00 часот.
Пристигнување во Софија околу пладне.
Организиран разглед на градот со локален водич,градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата.
Сместување во хотел Софија 4*
Одмор и индивидуални активности.
По одморот, прошетка во центарот на Софија и опуштање во некој од рестораните или баровите
Ноќевање.

Втор ден – 31.12.
Појадок.
Разглед на другиот дел од градот и прошетка во Bulgaria Mall кој се наоѓа на 500 метри оддалеченост од хотелот.Тука ќе сретнете брендови како Desigual, Tom Tailor, Benetton, Liu Jo,Guess и многу други.
По разгледот, време за одмор.
Во вечерните часови се упатуваме кон центарот за да ја прославиме НОВАТА 2018 ГОДИНА на некој од плоштадите или во дискотека ( факултативно)

Трет ден – 01.01.
Појадок.
Напуштање на хотелот во 10:30 часот.
Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

3 дена / 2 ноќевања со појадок и превоз
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 30.11:
75€ / 4.650 денари

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:
– Превоз со високо туристички автобус,
– Разглед со локален водич,
– 3 дена/2 ноќевања во Хотел **** на база В/В (ноќевање со појадок),
– Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL,
– Придружник и организација на патувањето
Цената не вклучува:
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 1200 денари
– Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
Напомена:
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите
• Резервација се прави со аванс на уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето