ВЕНЕЦИЈА 

Термин на поаѓање: 19.05-22.05.2017

Цена на аранжманот за ран букинг – 249 еур.

Редовна цена на аранжманот – 399 еур.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Тревизо – Скопје со авио компанијата „WIZZ AIR“,
  • Рачен багаж (1 торба со димензии 42х32х25см),
  • Трансфери аеродром Тревизо – хотел – аеродром Тревизо,
  • Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 3 ноќевања со појадок,
  • Професионален туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромска такса (се плаќа во агенција) – 3.100,00 мкд
  • Замена за поголема кабинска торба (со димензии 56х45х25см)  2.000 денари во два правци (во тој случај немате опција за мала кабинска торба затоа што е дозволен само една рачна торба од 10кг)

-Багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 2.500 денари  во 2 правци, чекиран куфер до 32 кг , во двата правци изнесува 3.600,00 денари

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ЧЕКИРАН БАГАЖ, ПРЕПОРАЧУВАМЕ ТОА ДА ГО СТОРИТЕ ПРИ САМОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АРАНЖМАНОТ ( НА АЕРОДРОМ ДОКОЛУ ПЛАЌАТЕ ЦЕНИТЕ СЕ ДВОЈНО ПОСКАПИ )

– разглед на Венеција кој вклучува:  карти за локален превоз за разгледот на Венеција (автобус на релација Лидо  ди Јесоло–Пунта Сабиони–Лидо ди Јесоло и брод на релација Пунта Сабиони – Венеција – Пунта Сабиони)  – 30 еур.

  • Посета на островите Мурано и Бурано – 35€ (вклучен бродски превоз на

релација Пунта Сабиони – Мурано – Бурано – Пунта Сабиони

  • Посета на Верона (вклучен автобуски превоз ) – 60 €
  • Посета на Падова (вклучен автобуски превоз ) – 45 €

ПАКЕТ ЦЕНА ДОКОЛКУ СЕ УПЛАТАТ  НА ПРИЈАВУВАЊЕ ФАКУЛТАТИВИТЕ :

– Верона / Венеција /Мурано и Бурано – 100,00 ЕУР по лице

  • Влезници во локалитетите
  • Патничко осигурување

* Туристичка такса плаќа секој посебно на рецепција која се движи од 3-5 еур. по лице на ден

Важни напомени: Агенцијата го задржува правото да направи промена на поедини содржини во програмата во случај на непредвидени околности.

За реализација на факултативни излети потребен е минимум од пријавени 80 % од патниците

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ 

1

01 ден СКОПЈЕ - ТРЕВИЗО - ВЕРОНА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Состанок на групата на аеродромот „Александар Велики“ Скопје во 12:10 часот. Полетување за Тревизо (во близина на Венеција) во 13:55. Слетување во Тревизо (Венеција) во 15:40. Факултативно посета на Верона – градот познат по драмското дело на Вилијам Шекспир “Ромео и Јулија“. Разглед на Верона со локален водич кој ќе започне со разглед на плоштадот Бра – каде ќе ги видете Собранието во Верона и Арената – одбележјето на градот, потоа продолжуваме низ главната шопинг улица „Џузепе Мацини“ кон плоштадот Ербе, каде ќе го видите плоштад полн со ресторани и тезги за продажба на сувенири, за разгледот да го продолжиме кон плоштадот Сињори, каде се наоѓа споменикот на Данте. Потоа, ќе влеземе во дворот на куќата на Јулија, каде е нејзиниот споменик. Оние кои што сакаат повеќе да истражуваат може и да влезат во куќата на Јулија (факултативно со доплата од 6 евра) и на нејзиниот балкон. Околу 20.00 часот заминување за Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Нокевање.

2

02 ден ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - Факултативно: Пунта Сабиони - Мурано - Бурано - Венеција

Појадок во хотел. Состанок со групата во холот на хотелот и тргнување кон Пунта Сабионе со јавен превоз од каде ќе започне  факултативна посетна на островите – Мурано и Бурано со локален водич. Бродот првин не носи за Мурано, каде ќе имате можност да видете како се создаваат прекрасни стаклени фигури, кои што постoи можност да купите сувенири рачно изработени од  муранското стакло. Потоа се упатуваме кон Бурано каде ќе можете да купите традиционална венецијанска чипка и да ги видите малите рибарски куќи во прекрасни пастелни бои.На крај завршуваме во Венеција со водич каде ќе ги видиме мостот на воздишките, потоа плоштадот Сан Марко со истоимената базилика, саат кулата, Дуждевата Палата, а потоа се движиме низ тесните венецијански улици, полни со бутици од најпознатите светски модни дизајнери и мостот Риалто. Враќање во хотелот во Лидо Ди Јесоло вечерта.  Ноќевање.

3

03 ден Слободен ден или Факултативни посети на Фиренца или Оутлет

Појадок. По појадокот посета на најголемиот Оутлет, во северна Италијаа каде се застаепени сите познати брендови од модата или слободен ден за иднивидуална прошетка низ Фиренца. Ноќевање во хотелот во Лидо ди Јесоло.

4

04 ден ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ТРЕВИЗО

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер со автобус до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 16:10 ч. А cлетување во 17:50 ч.на аеродромот во Скопје.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг