СМЕСТУВАЊЕ 7 НОЌЕВАЊА И ПРЕВОЗ ОД 59 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!

7 ПОЛУПАНСИОНА И ПРЕВОЗ 119 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!

Вилата Теодорос се наоѓа во срцето на Неос Мармарас на брегот на морето. Од познатата плажа Парадисо е одалечена 1200 метри, 20 минути пешачење, или неколку минути со брод,кој секојдневно ги тера патниците на плажите. Исто така е блиску од градската плажа на Неос Мармарас. Капацитетот на вилата изнесува единаесет двокреветни и трокреветни соби (околу 18 м2), како и четири станови без кујна(околу 30 м2).Повеќето соби имаат директен поглед на морето.

Сместувањето се наоѓа на првиот кат,секоја соба има LCD телевизор,клима уред чие користење е вклучено во цената на наемот,WiFi (низок проток),мини фрижидер,бања со туш и тераса.Во рамките на зградата постои ресторан кој нуди широк спектар на јадења. Гостите можат со доплата да имаат појадок или полупансион(појадок и вечера).

Појадокот е континентален (солен – сладок појадок со чај или кафе кој се служи во ограничени количини),додека менито за вечера е (избор на оброк, обично еден ден однапред,помеѓу две или три оброци во ресторанот,кој се служи во ограничени количини, и се состои од главно јадење / традици-оналната грчка кујна,салати и леб,а често и супи,предјадења и десерти,во зависност од бројот на гостите во вилата).

Во хотелот има ресторан со градина лоцирана веднаш до морето,прием и соба за последниот ден од престојот каде може да се остават куферите.

Во собите има крпи. Чистење на просторијата е секој ден, замена на постелнина и крпи се врши секој петти ден од престојот. Во непосредна близина има пошта, неколку банки и голем број продавници, кафетерии, барови, мини маркет.

Цените од табелите се со вклучен превоз за термините од 20 до 27.05 / 27.05 до 03.06 / од 16 до 23.09 и од 23 до 30.09 2018.Сите останати термини се без вклучен
превоз односно за превоз се доплаќа за возрасен по 35,00 ЕУР по лице, за деца од 2-12 години по 30 ЕУР а деца од 0 до 2 год. неплаќаат и не користат седиште.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Употребата на клима уред е бесплатна во објектите (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
Трето лице во соба со две возрасни лица плаќа 70 % од цената во табелите, Дете од 0-6 години бесплатно во кревет со две возрасни лица, деца од 6-12 години плакаат 50% од цената и користат посебен кревет
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Цените се објавени со попуст од 10 % се со важност до 28.02.2018 година.
* Цените со попуст, важат со уплата од 50% од износот при резервација и доплата на аранжманот најдоцна до 10.04.2018 година.
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа ако патникот го откаже патувањето.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“