ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА – ИЗРАЕЛ

Од 02.04-08.04.18

Државата Израел (מדינת ישראל Мединат Јисраел на хебрејскиدولة إسرائيل Даулат Исраел на арапски) е блиско источна земја, сместена на источниот раб на Средоземното море. Израел е парламентарна демократска држава и единствена еврејска држава во светот. Со површина од 20.770км2 ( без окупираните делови )  има 7мил. жители според пописот од 2006г. Името потекнува од Јаков,покасно преименуван во Израел, еден од патриархите на еврејскиот народ од кој имал 12 синови,а од нив настанале 12 израелки племиња. Израелкото знаеме има корени од еврејската традиција. Белата позадина симболизира чистота. Средината е Давидовата звезда, која го симболизира сојузот помеѓу Господ и Евреите. Горниот триаголник на звездата го симболизира Господ како се наведнува према народот, а долниот триаголник ги симболизира Евреите кој ги пружаат рацете кон Господ. Плавите линии симболизираат Talit, Еврејскиот молитвен шал. Земја каде што се остварува сонот,ветена од Господа Аврам и неговите следбеници.Наследство во кое децата на Израел беа водени од Мојсие по егзодусот од Египет, соединети во моќна Хибру нација под водство на Давид и Соломон.Родното место на Исус Христос  и колевката на три големи монотеистички религии: христијанство,јудизам и муслиманство.Израел е познат низ историјата во целиот свет како првобитен извор на Библијата. Ерусалим – Златен Град, Вечен Град, Градот на Давид , Градот на Цион се само еден дел од имињата кои ги има овој древен град.Поетски имиња преку кои се представува древната историја стара 2000години, град кои некогаш бил сметан за центар на светот, град во кои се вели дека содржи девет од десетте мерила за убавина.Неговите храмови, археолошки ископини, цркви, џамии и синагоги, стари пазари, модерни хотели и ресторани се доказ за неговата долга историја- шареноликоста на народите и културите кои илјадници години живеат во овој вечен град, се уникатноста на Ерусалим.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1.Ден СКОПЈЕ – СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ   02/04/2018

Состанок на грпата на пред хотел Холидеј Ин во Скопје во 03.30 часот. ТРансфер до аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија. Лет за Тел Авив во 11,05 часот. Пристигнување во Тел Авив во 13,35 часот . По завршуавањето на сите пасошки и царински контроли нашиот партнер и водич ќе не пречекаат и ке започне нашиот програм. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 

2.Ден: 03-ти Април 2018:  Стариот Град – Планината Зион –  Еврејски Кварт – Западниот Ѕид          
По појадокот, заминување на целодневна  пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден: 04-ти Април :  Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град –  Еин Карем       
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство  во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен  панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место  на Св. Јован Крстител. Враќање  во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 4:  05ти Април:  Мртво Море – Табор – Назарет

По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Од таму продолжуваме  кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението. Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Од таму се упатувваме накај Назарет за посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија.  Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање

5. Ден: 06– ти Април : Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум –  Јарденит
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината Beatitude и Tabgha, место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек во традиционален ресторан(вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел воТибериас за вечера.Ноќевање

6.Ден: 07 –ми АприлНазарет – Бахајските градини – Хаифа – Нетанија
По појадокот (со спакуван багаж) заминуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија.  Од таму се упатваме кон панорамско разгледување на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jaffa. Пристигнување во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање

7.Ден: 08-ти јануари: Тел Авив – Истанбул – Скопје  
Одјавување од хотел во раните утрински часови. Трансфер до аеродром во
04:30. Лет за Софија во 07,15  Пристигнување во Софија во 10,00 часпт по локално време.  потоа заминуваме за Скопје со трансфер . Пристигнување во Скопје во попладневниуте часови.

И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

Напомена: организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени во распоредот на турата / програмата од самата состојба затекната на теренот.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ИЗРАЕЛ 1 (НП) + 5 (HB)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 899 € / 55.700  мкд
Доплата за еднокреветна соба 340 € / 21.012мкд
Цена за РАН БУКИНГ до 15.11.2017 699€  / 43.340  мкд

ЦЕНАТА Е ВКАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 20 ПАТНИЦИ

За уплата по ран букинг се плаќа 100 % од цената, за уплата по редовна цена се плаќа 50 % со резервација а остатокот од 50 % 1 месец пред почеток на аранжманот

Плаќањето е исклучиво во МКД

Во цената е вклучено :

  • Повратен авионски билет на релација СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ -СОФИЈА
  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
  • 6 ноќевања во хотели со 3 * според програмата , локална категоризација од кои

        ( 5 нокевања на полупансион и едно само нокевање )

  • Сите трансфери според програма
  • Посетите со вклучени влезници према порграмата
  • Стручен локален водич на српскохрватски јазик
  • Организација и техничко водство

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси ( 140 € / 8.680мкд – не се со фиксна вредност )
  • Жичара од 17 УСД
  • Возење по Галилејско море со вклучен ручек во рибен ресторан
  • Дополнителни услуги, пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување ……. од 300 до 550 денари
  • Задолжителни бакшиши за водичите и шоферите ( 50 УСД ) по лице, се плаќа на лице место веднаш по пристигнувањето.

Забелешки:

При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

– Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се со

 

 НАПОМЕНИ:
– Во случај на помал број од 20 пријавени патници, но најмалку 15, аранжманот нема да се откаже, но цената ќе претрпи промена
– Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
– Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
– Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е
5 дена пред патувањето.
– Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари.
– Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
– Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
– Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
– Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
– Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот.
– Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
– За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14
:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
– Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
– Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
– Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
– Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
– Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг